ХАКИМИ ОТКРИ – Не уживав со Меси во ПСЖ
Мароканецот откри како пристигнувањето на Аргентинецот го промени стилот на игра и го направи спореден во тимот..

ПСЖ успеа да го освои трофејот од Лигата на шампионите дури откако се раздели со големите ѕвезди како Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе. Со оваа констатација се согласува и Аштраф Хакими, Мароканецот кој откри дека воопшто не уживал додека играл заедно со Меси.
„Со доаѓањето на Меси, целиот проект на ПСЖ се промени, заедно со стилот на игра. Игравме на сосема поинаков начин, а јас во тоа не уживав. Не можев да играм како што сакав и да се чувствувам значаен за екипата. Се чувствував како спореден играч. Во репрезентацијата на Мароко ме сметаат за клучен, а тука беше поинаку. Психички ми беше тешко да играм онака како сакав во Париз. Потоа започнаа и критиките и луѓето се прашуваа зошто за Мароко играм на еден начин, а во Париз сосема поинаку. Тешко им беше да ја сфатат разликата.“
