ГУВЕРНЕРОТ СЛАВЕСКИ СО БАРАЊЕ Донесување на закон за личен банкрот во Македонија
Македонија би можела да добие закон за личен банкрот, откако гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, повика на системско решение за илјадници граѓани кои се заглавени во долгови.

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, повика на донесување закон за личен банкрот како решение за над 120.000 граѓани со блокирани сметки.
На настан во Стопанската комора, тој истакна дека граѓаните се заглавени поради високи камати и недостиг од механизми за реструктуирање на долговите. „Сите развиени земји имаат ваков закон. И кај нас е време за конкретни чекори“, рече Славески.
Тој додаде дека не е време за генерално одложување на кредитите, но е отворен за индивидуални решенија во соработка со банките.
Професорката Ирена Кикеркова го критикуваше аналитичкиот пристап на Народната банка, оценувајќи дека потребни се подлабоки анализи и нови тимови.
Славесki нагласи дека приоритети остануваат ниската инфлација и финансиската стабилност.


