ГУБЕЊЕТО НА ТИТУЛАТА СЕ ЧУСТВУВА КАКО СМРТ – Принцезата Ферги бесна
Инсајдерите тврдат дека, иако јавно стои покрај Ендру, приватно таа размислува за бегство.

Принцезата Беатрис и принцезата Јуџин сè уште се „Сестрите Јорк“ откако нивниот татко, принцот Ендру, се откажа од титулата „Војвода од Јорк“. Меѓутоа, нивната мајка, Сара „Ферги“ Фергусон, ја загуби сопствената титула „Војвотка од Јорк“.
Фергусон неодамна беше исклучена од неколку добротворни организации поради тоа што го нарече осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн „врховен пријател“. Според извори на #ShuterScoop, таа е „бесна“: „Таа титула беше нејзиниот идентитет. Губењето се чувствува како смрт“.
Друг извор додава: „Сара би си заминала ако можеше. Таа е заглавена. Royal Lodge му припаѓа на Ендру – а не на неа. Без него, немаше да има дом или начин на живот“. Инсајдерите тврдат дека, иако јавно стои покрај Ендру, приватно таа размислува за бегство.
Национал веќе пишуваше за изјавата на принцот Ендру во која се вели:
„По разговор со Кралот и семејството, заклучивме дека континуираните обвинувања против мене го одвлекуваат вниманието од работата на Негово Височество и Кралското семејство. Решив да ја ставам мојата должност кон семејството и земјата на прво место. Со согласност на Негово Височество, повеќе нема да ја користам мојата титула или почестите. Енергично ги негирам обвинувањата против мене.“


