ГРЕНЛАНД Е ЗАВРШЕНА РАБОТА – САД со нов план, без војска, со притисок и влијание

Политико“ наведува дека сценариото е можно уште пред ноемвриските избори во САД

ГРЕНЛАНД Е ЗАВРШЕНА РАБОТА – САД со нов план, без војска, со притисок и влијание
Фото: Архива

Вашингтон би можел да ја преземе контролата врз Гренланд во наредниот период, објавува „Политико“, повикувајќи се на проценки на експерти и изјави на актуелни и поранешни американски функционери.

Според овие извори, ваков развој на настаните е можен уште пред ноемвриските претседателски избори во САД, па дури и до 4 јули, датум кога Америка ќе одбележи 250 години од независноста. Ризикот од вакво сценарио е оценет како „реален и сериозен“.

„Политико“ наведува дека Белата куќа најверојатно нема да примени воен пристап, каков што беше разгледуван во некои други глобални кризи, туку ќе се насочи кон политички и дипломатски притисоци. Меѓу можните методи се споменуваат интензивно лобирање, економски стимулации и потенцијално влијание врз локални политички структури.

Експертите предупредуваат дека ваков потег би можел да предизвика сериозни тензии меѓу сојузниците во НАТО и Европската унија, дури и подлабоки од оние што произлегоа од војната во Украина.

Според нивните проценки, Гренланд не би добил меѓународна поддршка и солидарност во размерите какви што ги имаше Украина, што дополнително ја усложнува геополитичката слика околу овој стратешки важен регион.

CATEGORIES
TAGS
Share This