ГРЦИЈА ВОВЕДУВА ПРОГРАМА ЗА СОЦИЈАЛНО ДОМУВАЊЕ Целта е ублажување на растечката криза со станови и поддршка на семејствата со средни приходи
Иако владата очекува проектот да го олесни пристапот до станови, експертите предупредуваат дека сложените сопственички односи и долготрајните административни постапки би можеле да го забават спроведувањето.

Грчката влада започна програма за социјално домување и кирија за да ја ублажи тешката криза со станови што ја погоди земјата. Мерките се насочени кон семејства со средни приходи и вклучуваат изградба на нови станови и реновирање на постојни, напуштени згради.
Министерката Домна Михаилиду, најави дека првата фаза предвидува изградба на 1.500 до 1.700 станбени единици во Атина, Солун и Патра, делумно на поранешни воени локации. Вториот дел од програмата предвидува јавно-приватни партнерства за обнова на јавни згради, при што државата ќе располага со најмалку 30% од новите домови.