ГРЦИЈА ВО ТУРИСТИЧКИ БУМ Рекордни 31 милион посетители за осум месеци

ГРЦИЈА ВО ТУРИСТИЧКИ БУМ Рекордни 31 милион посетители за осум месеци

Грција бележи неверојатен успех во туризмот, со над 31 милион туристи кои ја посетиле земјата до септември. Оваа бројка претставува историски рекорд и навестува дека 2025 година би можела да биде една од најуспешните години за грчкиот туризам. Според податоците од грчката Централна банка, приходите од туризмот растат, и покрај зголемената конкуренција во Европа и источниот Медитеран.

Меѓу јануари и септември, Грција примила 31 милион странски посетители, што е зголемување од четири проценти во однос на претходната година. Приходите од туризмот достигнаа околу 20 милијарди евра, што е девет проценти повеќе во споредба со 2022 година. Ова укажува на зголемена потрошувачка по турист, подолги престои и влијание на инфлацијата и побарувачката за луксузни патувања.

Посебно значајно е зголемувањето на бројот на туристи од земји надвор од ЕУ, со пораст од речиси десет проценти, додека бројот на посетители од ЕУ останува стабилен. Германија и Велика Британија продолжуваат да бидат главни пазари за Грција, со скоро девет милиони посетители во првите девет месеци. Соединетите Држави остануваат клучно тржиште за долги релации, со зголемен број директни летови и интерес за културни тури.

И покрај успехот на Грција, Шпанија продолжува да биде најпопуларната туристичка дестинација во Европа, со над 85 милиони посетители во првите десет месеци и потрошени 118 милијарди евра. Сепак, Шпанија се соочува со предизвици поврзани со прекумерен туризам и негативен став на локалното население кон странските туристи, проблеми кои се почнуваат да се чувствуваат и во популарните грчки дестинации како што се Санторини и Микonos.

Турција, од друга страна, продолжува да расте, со речиси 50 милиони посетители од јануари до септември, вклучувајќи 41 милион странски туристи. Приходите од туризмот во Турција надминуваат 50 милијарди долари, благодарение на конкурентни цени и развој на големи одморалишта. Сепак, статистиката вклучува и турски државјани кои живеат во странство, што го комплицира директното споредување со Грција и Шпанија.

На глобално ниво, меѓународниот туризам продолжува да расте, надминувајќи нивоа пред пандемијата во многу јужни европски земји. И додека медитеранските земји уживаат во силна побарувачка, Централна и Северна Европа се соочуваат со побавен раст поради повисоки оперативни трошоци и намалена побарувачка за долги патувања.

CATEGORIES
Share This