ГРЧКАТА БИЗНИС ЗАЕДНИЦА ВО МАКЕДОНИЈА – Избрано новото раководство

Компаниите членки обезбедуваат илјадници работни места и значаен придонес во националната економија.

ГРЧКАТА БИЗНИС ЗАЕДНИЦА ВО МАКЕДОНИЈА – Избрано новото раководство
Фото: Принтскрин

Грчката бизнис асоцијација во Македонија ги обединува најголемите грчки инвеститори во земјава, меѓу кои се Цементарница Титан Усје, Жито Лукс АД Скопје, Секе ЛТД Прилеп, Олимпус, Орбит ЛТД Скопје, Алумил ЛТД Скопје, Пивара Скопје АД, ЕГНА Консалтинг и други компании.

На денешното Собрание, Арис Влахос беше повторно избран за претседател на Асоцијацијата. За членови на Управниот одбор се избрани истакнати претставници на водечки грчки компании во земјава: Илијас Пападопулос од Стопанска банка Скопје (членка на NBG Group), Димитрис Пасхос од ОКТА (членка на Hellenic Energy Group), Илијас Тсукалас од ЕДС (членка на PPC Group) и Василис Анагносту од Мермерен комбинат Прилеп (Павлидис Групација).

Со овие избори, Асоцијацијата ја продолжува својата активна улога во земјата, посветена на унапредување на економската соработка и поттикнување нови инвестиции. Таа делува како клучен мост меѓу бизнис-заедниците на двете земји, придонесувајќи кон продлабочување на економските односи и стабилен економски раст.

Компаниите членки обезбедуваат илјадници работни места и претставуваат значаен двигател на националната економија, со директен придонес во бруто-домашниот производ и економскиот напредок на Македонија.

CATEGORIES
Share This