ГРАНДИОЗНАТА „КАРМИНА БУРАНА“ ВО СОЛУН Настап на оркестарот на Македонската филхармонија на 30 јуни

Ова е втора изведба на кантатата, по успешната премиера во Софија во февруари, проследена со овации од публиката.

ГРАНДИОЗНАТА „КАРМИНА БУРАНА“ ВО СОЛУН Настап на оркестарот на Македонската филхармонија на 30 јуни

На 30 јуни (понеделник), во Концертната сала во Солун, со почеток од 21 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе настапи во заедничка изведба на „Кармина Бурана“ од Карл Орф, заедно со Софиската филхармонија и Државниот симфониски оркестар од Солун.

Настанот ќе биде под диригентство на грчкиот маестро Михалис Иконому, а како солисти ќе настапат: македонската сопранистка Ана Дурловски, бугарскиот баритон Иво Јорданов и грчкиот контратенор Николас Спанос.

Ова е втора изведба на кантатата, по успешната премиера во Софија во февруари, проследена со овации од публиката.

„Кармина Бурана“ е едно од највлијателните музички дела на 20 век, позната по својата моќна оркестрација, возбудливи ритми и сценски ефект. Врз основа на средновековната збирка „Codex Buranus“, делото раскажува за променливата судбина, љубовта, радоста и човечките уживања, преку музика што ги освојува сите генерации.

Гостувањето на Македонската филхармонија во Солун претставува уште еден значаен чекор во меѓународната соработка и промоција на македонската музичка уметност.

CATEGORIES
Share This