ГРАДБА НА НОВИ СТАНОВИ – Ноември бележи пораст на одобренијата

Најмногу градби во Скопскиот Регион, предвидени 427 нови станови

ГРАДБА НА НОВИ СТАНОВИ – Ноември бележи пораст на одобренијата
Фото: Национал

Во ноември лани се издадени 304 одобренија за градење, што е 16,9% повеќе споредено со истиот месец минатата година, објави Државниот завод за статистика.

Предвидената вредност на објектите изнесува 5.400.888.000 денари, што е 27,1% повеќе од истиот период претходната година.

Најмногу одобренија се издадени во Скопскиот Регион – 110, следат Полошкиот – 55, Вардарскиот – 36, и Југозападниот – 29.

Од вкупниот број одобренија, 208 (68,4%) се за високоградба.

Предвидена е изградба на 761 стан, од кои во Скопски Регион – 427, источен – 113, југозападен – 82, пелагониски – 79, полошки – 38, вардарски – 15, југоисточен – 4 и североисточен – 3

За нискоградба се издадени 34 одобренија, а за реконструкција 62.

Како инвеститори се јавуваат физички лица- 162 објекта (53,3%) и правни лица – 142 објекта (46,7%)

Вкупната корисна површина на предвидените 761 стан изнесува 67.767 м².

CATEGORIES
Share This