ГРАДАТ БЕЗ ДОЗВОЛИ, КРАДАТ СТРУЈА И ВОДА Арсовска го обелодени „објектот на срамот“

Таа посочи дека денеска, дури и за време на викендот, се вршеле ископувања по булеварот со цел нелегално приклучување на објектот кон водоводната и канализационата мрежа, под претпоставка дека институциите не функционираат во недела.

ГРАДАТ БЕЗ ДОЗВОЛИ, КРАДАТ СТРУЈА И ВОДА Арсовска го обелодени „објектот на срамот“
Фото: Фејсбук

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, повторно јавно проговори за, како што вели, „тешко кршење на законот“ поврзано со изградба на објект во скопската општина Чаир.

„Станува збор за зграда со 12 ката и над 50 станови која е целосно изградена без соодветен проект и без платени комуналии. Се прави обид овој дивоградбен објект да се прикаже како да е изграден уште во 2011 година. Притоа, има и незаконски приклучоци – и на струја и на вода а ситуацијата е придружена со сериозни закани“, напиша Арсовска на социјалните мрежи.

Таа посочи дека денеска, дури и за време на викендот, се вршеле ископувања по булеварот со цел нелегално приклучување на објектот кон водоводната и канализационата мрежа, под претпоставка дека институциите не функционираат во недела.

Утре ќе биде доставен нов предмет до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Станува збор за обемен материјал, со илјадници страници документи кои укажуваат на фалсификати и злоупотреби во Општина Чаир. Во случајот се инволвирани повеќе функционери и вработени од општината“, додаде градоначалничката.

CATEGORIES
Share This