ГРАЃАНИТЕ ПОТРОШИЛЕ 2,8 МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА КОЦКАЊЕ – Македонија се смета за сиромашна земја
Зголемувањето на казиноа и онлајн обложувалниците ја зголемува и коцкарската зависност.

Минатата година граѓаните во земјава уплатиле фрапантни 2,8 милијарди евра во казина, обложувалници и автомат-клубови, покажува анализата на емисијата „Бизнис објектив“. Оваа огромна сума открива колку коцкарската индустрија стана значаен дел од финансиските текови, но истовремено отвора сериозни прашања за економските и социјалните последици.
Експертите предупредуваат дека обложувањето и коцкањето сè почесто се претвораат во масовна форма на потрошувачка, која директно влијае врз личните буџети. Зголеменото учество во игрите на среќа е поврзано со раст на задолжувањето, финансиска нестабилност на семејствата и продлабочување на сиромаштијата.
Во последните години, казината и обложувалниците забрзано се множат и стануваат сè подостапни. Паралелно, индустријата силно се прошири и онлајн, каде преку агресивни маркетинг кампањи се привлекуваат нови корисници, особено меѓу младите. Со растот на индустријата, растат и случаите на зависност од коцкање, како и семејните и социјалните проблеми предизвикани од финансиски загуби.
Иако секторот носи значителни приходи за државниот буџет преку даноци, концесии и лиценци, економистите нагласуваат дека голем дел од средствата се пренасочуваат од продуктивна потрошувачка кон индустрија која не создава нова економска вредност. Наместо инвестиции во образование, домување или локална економија, значителни средства завршуваат во игри на среќа.
Сумата од 2,8 милијарди евра ја потврдува позицијата на коцкарската индустрија како еден од најмоќните финансиски сектори во земјата, но и како еден од најконтроверзните. Аналитичарите предупредуваат дека без посериозна регулација, едукација и мерки за заштита на граѓаните, економската добивка може да биде засенета од долгорочните социјални послед


