ГРАЃАНИТЕ БЕСНИ – Пумпите го „чуваат“ горивото пред новите цени од вечерва

Дел од бензинските пумпи престанаа да точат гориво или воведоа ограничувања поради најавеното поскапување од полноќ.

ГРАЃАНИТЕ БЕСНИ – Пумпите го „чуваат“ горивото пред новите цени од вечерва
Фото: Национал

Откако се прошири информацијата дека цените на горивата ќе се зголемат по полноќ, дел од бензинските пумпи почнале да го ограничуваат или целосно да го прекинат продавањето на гориво, правдајќи се дека залихите се исцрпени.

Кризата со горивата дополнително се интензивираше по почетокот на војната на Блискиот Исток. Во првата недела од март беа забележани долги редици на бензинските пумпи, каде граѓаните чекаа за да ги наполнат резервоарите.

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука малопродажните цени на нафтените деривати во просек да се зголемат за 14,27 проценти во однос на одлуката од 2 март 2026 година. Новите цени стапуваат во сила од полноќ на 10 март.

Според одлуката, цената на бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98 се зголемува за 5 денари по литар, додека дизелот поскапува за 14,5 денари по литар и дизелот ќе чини 85,50 денари, а Еуроспупер БС-95 79,50.

Од Регулаторната комисија информираат дека референтните цени на нафтените деривати на светските пазари се зголемиле во просек за 13 проценти кај бензинот, за 36 проценти кај дизелот, за 32 проценти кај екстра лесното масло за горење, додека кај мазутот зголемувањето изнесува 27 проценти. Во истиот период, девизниот курс на денарот во однос на американскиот долар е повисок за 0,95 проценти.

CATEGORIES
TAGS
Share This