GOOGLE СО ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Корисниците на Chrome веднаш да ги проверат поставките

Корисниците се повикуваат рачно да проверат дали го користат најновото ажурирање.

GOOGLE СО ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Корисниците на Chrome веднаш да ги проверат поставките
Фото: Принтскрин

Google издаде ново безбедносно предупредување за корисниците на својот веб-прелистувач Chrome, повикувајќи милиони корисници веднаш да ги проверат и ажурираат своите поставки.

Компанијата објави нова верзија на Chrome која содржи три значајни безбедносни закрпи, сите означени со „висок“ степен на ризик. Иако досега нема потврда дека овие пропусти биле активно злоупотребени во реални напади, експертите предупредуваат дека нивната сериозност бара итна реакција.

„Стабилниот канал е ажуриран на верзијата 145.0.7632.116/117 за Windows и Mac, како и 144.0.7559.116 за Linux. Ажурирањето ќе се воведува постепено во наредните денови и недели“, соопшти Google во официјален блог-пост.

Ова известување доаѓа само неколку дена откако компанијата поправи уште еден исклучително опасен безбедносен пропуст, означен како „zero-day“, кој потенцијално им овозможувал на хакери да извршуваат злонамерен код без знаење на корисниците.

Следете ги овие упатства за да го ажурирате Chrome.

За рачно ажурирање, кликнете на менито Повеќе (трите точки во горниот десен агол), одберете поставки, потоа кликнете на За прелистувачот Chrome, гоколку е достапно ажурирање, тоа автоматски ќе започне да се презема и рестартирајте го прелистувачот за да се заврши процесот и да се обезбеди целосна заштита.

Редовното ажурирање е клучно за безбедно и непречено користење на интернет.

CATEGORIES
Share This