ГОЛЕМИОТ ПРИЈАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА МИЛАНОВИЌ НАЈАВИ ПЕНЗИОНИРАЊЕ Нема повеќе кандидадура за било која функција

Милановиќ, кој претходно беше премиер и лидер на СДП, својата кариера ја започна пред околу две децении. Сегашната најава за политичко пензионирање го означува крајот на едно од највпечатливите политички поглавја во современата хрватска историја.

ГОЛЕМИОТ ПРИЈАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА МИЛАНОВИЌ НАЈАВИ ПЕНЗИОНИРАЊЕ Нема повеќе кандидадура за било која функција

Претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, денеска изјави дека нема да се кандидира за ниту една политичка функција по завршувањето на мандатот. Оваа најава ја даде за време на своето обраќање на фестивалот „Денови на комуникација 2025“ во Ровињ, каде што учествуваше како покровител на настанот.

„Како што минува времето, а во мојата епизода времето навистина минува – веќе нема да бидам кандидат за претседател, ниту за било што во политиката. Полека сумирам некои работи. Разбирам дека е убаво да се биде во стадото, но во стадото и смрди“, изјави Милановиќ, алудирајќи на заморот од политичкиот живот и недостатокот на вистинска промена.

Во своето обраќање, Милановиќ говореше и за состојбата во хрватското општество, улогата на комуникациите и медиумите, политичките парадигми, како и за надворешно-политичката позиција на земјата.

„Хрватска нема геополитика, ниту геостратегија. За разлика од Украина, немаме ништо со тоа – и тоа е позитивна вест за нас“, истакна претседателот, додавајќи дека Хрватска стана „релативно неинтересна“ за соседните земји.

Тој предупреди и на монокултурниот економски развој и повика на самосвесност во обликувањето на иднината.

„Немаме монетарна политика, а фискалната е во некаков вазален статус“, додаде Милановиќ, коментирајќи го членството на Хрватска во Европската Унија.

На темата медиуми и комуникации, претседателот го нагласи влијанието на глобалните медиуми врз јавната перцепција, зборувајќи за етичките предизвици на индустријата:

„Вие проектирате реалност – понекогаш и ја заматувате, ако клиентот плати за тоа“.

Осврнувајќи се на глобалната политика, тој остро го критикуваше двојниот морал на големите сили, особено во контекст на воената индустрија.

„Истите тие земји што повикуваат на мир, профитираат од војни“, рече Милановиќ, нагласувајќи дека малите држави како Хрватска мораат да бидат крајно претпазливи.

„Не можете да имате сериозна држава ако немате сериозна армија“, заклучи претседателот, додавајќи дека технолошкиот напредок, вклучително и вештачката интелигенција, не успеал да го придвижи хрватскиот политички систем од неговата стагнација.

Милановиќ, кој претходно беше премиер и лидер на СДП, својата кариера ја започна пред околу две децении. Сегашната најава за политичко пензионирање го означува крајот на едно од највпечатливите политички поглавја во современата хрватска историја.

Милановиќ е голем пријател на Република Македонија

CATEGORIES
TAGS
Share This