ГОЛЕМА ТРАНСФОРМАЦИЈА – Никол Кидман по разводот блеска како никогаш

Никол Кидман блесна на премиера во Њујорк и го привлече целото внимание.

ГОЛЕМА ТРАНСФОРМАЦИЈА – Никол Кидман по разводот блеска како никогаш
Фото: Принтскрин

Кој вели дека разводот мора да остави трага? Никол Кидман на црвениот тепих во Њујорк им покажа на сите дека тоа не мора да биде правило. Во проѕирна, заводлива креација на Schiaparelli, таа буквално ги украде сите погледи и докажа дека по разделбата со Кит Урбан изгледа посамоуверено и посвежо од кога било.

Гласините за нејзините блиски моменти со долгогодишниот пријател Симон Бејкер дополнително ја разгореа љубопитноста во јавноста, а се чини дека новата животна фаза ѝ годи повеќе од кога било.

Појавувањето на премиерата на новата серија „Margo’s Got Money Troubles“ на Apple TV+ во Њујорк ја стави во центарот на вниманието, но не поради приватниот живот, туку поради нејзиниот впечатлив изглед. Фановите не престануваат да коментираат дека зрачи со самодоверба и позитивна енергија.

Иако разводот го финализираше дури во јануари, на нејзиното лице нема ни трага од тага. Напротив, последните месеци блеска, а нејзиното најново појавување само го потврдува впечатокот дека влегува во една од своите најсилни и најисполнети фази.

Коментарите на социјалните мрежи се едногласни: „Разводот ѝ стои одлично“, „Изгледа посреќна од кога било“, „Ова е најдоброто издание на Никол со години“.

На самиот настан, Кидман беше опуштена и насмеана и разговараше со обожаватели, трпеливо позираше за фотографии, па дури и се наведна да направи селфи со еден од нив. На црвениот тепих позираше самоуверено, истакнувајќи ја својата елеганција и витка линија во впечатливи црни платформи.

Очигледно е дека новото поглавје ѝ прилега.

CATEGORIES
Share This