ГОЛЕМА АКЦИЈА НА ОЈО ГОКК – Уапсени раководителка на УЈП, сопственик на бензински пумпи и поранешни пратенички

Претреси се вршат на повеќе локации низ државата, а дел од приведените се веќе во полициската станица Пролет

ГОЛЕМА АКЦИЈА НА ОЈО ГОКК – Уапсени раководителка на УЈП, сопственик на бензински пумпи и поранешни пратенички
Фото: Принтскрин

Вечерва Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) објави информации за истрагата која попладнево се спроведува во Скопје.

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражители со асистенција на полициски службеници од МВР вршат претреси на повеќе локации во државата. Во рамки на акцијата се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери.

Меѓу приведените досега се раководителка на УЈП од ЗНАМ, сопственик на бензински пумпи, поранешни пратенички од СДСМ и сопруга на познат доктор.

Акциите продолжуваат и во текот на вечерта, а голем дел од приведените веќе се наоѓаат во полициската станица Пролет.

CATEGORIES
TAGS
Share This