ГОЛЕМА АКЦИЈА НА ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА И МВР ВО ПРИЛЕП Неофицијално извршен претрес кај овие лица

Се појавија и неофицијално, имиња на лица во чии домови се извршени претреси, меѓу кои Александар Спирковски - Џемо, Кети Смилеска и Влатко Петрески

ГОЛЕМА АКЦИЈА НА ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА И МВР ВО ПРИЛЕП Неофицијално извршен претрес кај овие лица

Основното јавно обвинителство Прилеп постапува во предистражна постапка поради сомненија за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, а поврзано со финансиското работење на болницата.

Обезбедени се наредби за претрес на осум локации, а дејствијата ги презема Управата за финансиска полиција.

Се појавија и неофицијално, имиња на лица во чии домови се извршени претреси, меѓу кои Александар Спирковски – Џемо, Кети Смилеска и Влатко Петрески. Овие имиња се поврзуваат со потенцијалните нерегуларности што беа пријавени од страна на актуелното раководство на болницата.

Се очекува Обвинителството да излезе со официјални информации за резултатите од акцијата во текот на денот. Акцијата предизвика големо внимание во јавноста и повторно ја отвори темата за транспарентноста и отчетноста на здравствените институции.

CATEGORIES
TAGS
Share This