ГОЛЕМ ПРЕКИН ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ Без вода поради дефект на булеварот „Крсте Мисирков“

ГОЛЕМ ПРЕКИН ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ Без вода поради дефект на булеварот „Крсте Мисирков“

Неколку јавни институции и објекти во централното подрачје на Скопје од утрово се соочуваат со прекин во водоснабдувањето. Водата е исклучена од 7 часот, а без снабдување останаа објектите на МАНУ, Основниот суд 2, Младинскиот културен центар, Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“, кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, трговскиот центар „Мавровка“, делови од Старата скопска чаршија, Саат-кулата, улицата „Отокар Кершовани“, Адвокатската улица и дел од булеварот „Крсте Мисирков“.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопштуваат дека проблемот е предизвикан од дефект на водоводната линија на самиот булевар „Крсте Мисирков“. Екипите се на терен и работат на санација на kvarot, а нормализирање на водоснабдувањето се очекува по завршување на интервенцијата.

CATEGORIES
Share This