ГОЛЕМ ПОЖАР ВО КИЧЕВСКО Ангажирана војска и воздушна поддршка
Дополнително, испратени се две возила од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, како и друга копнена поддршка од надлежните служби.

Денеска во попладневните часови избувна голем шумски пожар помеѓу селата Челопејци и Миокази, во Кичевско, Општина Вранешница.
На терен интервенираат 35 припадници на Армијата на Република Македонија со три возила тип „пинц-гауер“, а гаснењето се одвива и со воздушна поддршка – два хеликоптери на Министерството за внатрешни работи и еден хеликоптер на Армијата.
Дополнително, испратени се две возила од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, како и друга копнена поддршка од надлежните служби.
CATEGORIES Македонија


