ГОЛЕМ ПОЖАР ВО КАРПОШ: Опожарени најмалку четири куќи на улицата „Скупи“

Голем пожар избувна вчера околу 20:00 часот на улицата „Скупи“ во скопската општина Карпош, при што според првични и неофицијални информации, се опожарени најмалку четири куќи. Пожарот предизвика значителна материјална штета, а засега нема информации за повредени лица.
Интервенцијата беше пријавена преку итниот систем Е-112, по што екипите од Бригадата за противпожарна заштита веднаш излегоа на терен. Министерството за внатрешни работи, преку Центарот за управување со кризи, побара итно исклучување на електричната енергија од нисконапонската мрежа со цел да се овозможи безбедно гаснење на огнената стихија.
Сведоци на настанот велат дека пожарот започнал во една куќа и за многу кратко време се проширил на уште три соседни објекти.
CATEGORIES Македонија


