ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ХОНК КОНГ Загинале 36 лица, 279 се водат како исчезнати
Пожарот избувнал во комплексот Ванг Фук Корт во округот Таи По, каде живеат околу 300.000 жители.

Бројот на загинати во големиот пожар во станбен комплекс од облакодери во Хонг Конг се искачи на 36, соопшти градоначалникот Џон Ли. 279 лица се водат како исчезнати, а 29 се хоспитализирани, од кои седум во критична состојба.
Пожарот избувнал во комплексот Ванг Фук Корт во округот Таи По, каде живеат околу 300.000 жители. Пожарникарите со часови се бореле со пламените јазици во зградите со над 2.000 станови. Локалните медиуми јавуваат дека комплексот бил во фаза на реконструкција и на скелето било користено бамбус.
CATEGORIES Свет

