ГОЛЕМ ПЛАН ВО ЈУВЕНТУС – Спалети останува до 2028

Клубот ја откри својата долгорочна стратегија, што значи ова за иднината?

ГОЛЕМ ПЛАН ВО ЈУВЕНТУС – Спалети останува до 2028
Фото: Принтскрин

Јувентус денеска официјално соопшти дека довербата во тренерот Лучиано Спаслети не е од привремен карактер, туку дел од долгорочен проект кој ќе трае до 2028 година.

Одлуката следи по период на заемно запознавање и анализа, во кој двете страни, како што се наведува, воспоставиле јасно разбирање и заедничка визија. Спалети, познат по својата тактичка дисциплина и изразена фудбалска филозофија, брзо се адаптирал во системот на „бјанконерите“.

Во својата изјава, тој истакна дека почетниот период бил замислен како тест-фаза за взаемна проценка и разбирање на насоката на клубот. Според него, големината на Јувентус не биле спорни, но најмногу го впечатлила енергијата, единството и амбицијата на тимот.

„Со таков пристап и колективен дух, продолжувањето на соработката беше логичен чекор“, порача Спалети.

CATEGORIES
Share This