ГОЛЕМ НАРОДЕН СОБИР ВО БЕЛГРАД „НЕ ЈА ДАВАМЕ СРБИЈА“ Ова се петте барања обзнанени лично од Вучиќ
Бараме од надлежните органи и институции, а пред се од надлежните обвинителства, да ги преземат сите законски мерки во рамките на нивните уставни и законски надлежности за да се воспостави мир во земјата

Во рамки на тридневниот сенароден собир во Белград наречен „Србија не ја даваме“ вечерва (сабота) од 19:00 часот се одржа Централниот собир пред Народното собрание во Белград.
На собирот пред околу 150.000 граѓани се обрати претседателот на Србија, Александар Вучиќ со пораката:
„Бараме од надлежните органи и институции, а пред се од надлежните обвинителства, да ги преземат сите законски мерки во рамките на нивните уставни и законски надлежности за да се воспостави мир во земјата – изјави претседателот на Србија.
Потоа Вучиќ изнесе пет барања:
- Да се воспостави целосно почитување на Уставот и законот, да се обезбеди безбедност на граѓаните на Србија и да се вратат киднапираните институции на граѓаните како носители на националниот суверенитет, вклучително и РТС, која е еден од клучните учесници во обоената револуција;
- Да се утврди правната одговорност на сите лица кои учествувале во вандалските напади и напади врз граѓаните за време на нивните мирни собири во Србија, а особено да се откријат и казнат сторителите, поттикнувачите и помагачите на дивјачките напади врз мирно собраните граѓани во Ниш;
- Да се овозможи секој ученик и студент да оди на училиште и да учи доколку сака;
- Да се откријат сторителите, поттикнувачите и помагачите во извршувањето на активностите на напади врз виталните државни институции и објекти и да се спречи преземање на такви активности во иднина;
- Да се спречи секаква активност која самоволно и незаконски ја парализира економската активност и ги спречува граѓаните да ги извршуваат своите животни активности.
CATEGORIES Свет
TAGS Топ вест


