ГОДИШНИ НАГРАДИ НА ДПМ ЗА 2025 ГОДИНА – Објавени финалистите
Друштвото на писателите го соопшти најтесниот избор за традиционалните награди

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) ги соопшти финалистите за своите пет традиционални годишни награди за 2025 година.
Анонимните жири-комисии, задолжени за изборот на добитниците, ја завршија селекцијата на дела што влегуваат во најтесен избор.
За наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело од осумте полуфиналисти (од вкупно седумнаесет пријавени дела), во финалето се пласираа четири дела: „Единаесет проверени начини како да ја заебеш љубовта“ – Драгана Лукан Николоски („Чудна шума“), „Кривата Дијана“ – Фросина Пармаковска („Арс Ламина“), „Арагон“ – Михајло Свидерски („Антолог“ и „Три Марии“ – Оливера Ќорвезироска („Арс Ламина“).
За наградата „Ацо Шопов“ – најдобра поетска збирка од осумте полуфиналисти (од вкупно шеснаесет пријавени дела), во финалето се пласираа три дела: „Часови без часовник“ – Владимир Мартиновски („Арс Ламина“), „Чувари на малите нешта“ – Ана Пејчинова („Или-или“)и „Вообразби (лирски етиди од некој друг свет)“ – Бранко Цветкоски („Макавеј“)
За наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади од седумте полуфиналисти (од вкупно тринаесет пријавени дела), во финалето се пласираа три дела „Тринаесеттиот“ – Лидија Димковска („ТРИ“), „Илина и тајните на Бабин заб“ – Хана Корнети („Или-или“) и „Џинџуџе“ – Ермис Лафазановски („Арс Ламина“).
За наградата „Димитар Митрев“ 2025 година, сите четири пријавени дела се финалисти: „Филмско око“ – Игор Анѓелков („Или-или“), „Час по незадолжителна лектира“ – Весна Мојсова-Чепишевска („Матица“), „Враќањето на Орфеј“ – Сузана В. Спасовска („Полица“) и „Книжевни созвучја и огледала“ – Елизабета Шелева („Сивејан“)
За наградата „Мост“ – книга на јазик на заедниците во Македонија, три дела се пријавени во финалето: „Embsuame Paskajore“ („Инфинитивна поука“) – Ахмет Селмани („Академска мисла“), „Pronicanje tišine“ („Проникнување на тишината“) – Љерка Тот Наумова („Академска мисла“) и „Atdheu: burrë pa grua“ („Татковината: маж без жена“) – Каљош Челику („Сојуз на писатели Албанци на Македонија“)
Членовите на петте жири-комисии наскоро ќе се состанат за да ги изберат добитниците, кои ќе бидат објавени на прес-конференција на 10 февруари 2026 година.
Врачувањето на наградите ќе се одржи на 13 февруари 2026, денот кога ДПМ ќе одбележи 79 години од своето постоење.

