ГНЕВ ВО КОЧАНИ – Обвинетиот за трагедијата во „Пулс“ фатен во кафеана сред изборен молк
Родителите, иако без официјални изјави, преку транспарентите уште еднаш ја испратија јасната порака: институциите се виновни за трагедијата и мора да има правда и праведно судење.

Во Кочани денеска на 27. „Марш на ангелите“ избувна вистински скандал! Учесниците, кои маршираа за сеќавање на жртвите од трагедијата во „Пулс“, наидоа на сцена што предизвика бурни реакции – обвинетиот поранешен градоначалник Ратко Димитровски седеше во кафеана во друштво со актуелен кандидат за градоначалник.
Видно вознемирени, учесниците се соочија со нив и дојде до вербален инцидент. Поради изборниот молк, медиумите не ги објавуваат името и видеото со кандидатот, но најавуваат дополнителни материјали.
И покрај дождливото време, маршот се одржа по познатата рута од „Паркот на Револуцијата“ преку ТЦ, со запирања пред УЈП, Полициската станица и Основниот суд, а заврши таму од каде што започна.
Родителите, иако без официјални изјави, преку транспарентите уште еднаш ја испратија јасната порака: институциите се виновни за трагедијата и мора да има правда и праведно судење. Неколку минути беше блокиран и сообраќајот на улицата „Стево Теодосиевски“ кај двојниот мост на Кочанска Река.


