ГЛОБАЛНАТА МОЌ ВО ДАВОС – Мицкоски меѓу светските лидери и извршни директори
Форумот ќе се одржи од 19 до 23 јануари под мотото „Во духот на дијалог“

Фото: Принтскрин
Светскиот економски форум по 56-ти пат ќе стане центар на светската политичка и деловна моќ. Од 19 до 23 јануари, во швајцарскиот Давос ќе се одржи годишниот собир на влијателни лидери под мотото „Во духот на дијалог“.
На форумот ќе учествува и македонскиот премиер Христијан Мицкоски, кој претходно најави дека ќе ја претставува државата на овој престижен настан. Оваа година се бележи рекордно присуство на владини делегации и ќе присуствуваат околу 400 политички лидери, меѓу кои 65 претседатели и премиери, кои ќе расправаат за глобалните приоритети и идниот развој.
Во Давос се очекува и настап на шестмина лидери од Г7, како и 850 директори на најмоќните светски корпорации, дополнети со околу 100 иноватори и технолошки пионери.
CATEGORIES Бизнис


