ГЛОБАЛНАТА АВИЈАЦИЈА ВО КОЛАПС – Летовите паѓаат како домино

Затворени воздушни простори и откажани летови ја тресат индустријата.

ГЛОБАЛНАТА АВИЈАЦИЈА ВО КОЛАПС – Летовите паѓаат како домино
Фото: Принтскрин

Глобалната авиоиндустрија повторно во голема криза. Се соочува со најтешка криза по пандемијата на ковид, предизвикана од конфликтот на Блискиот Исток. Затворените воздушни простори, поскапувањето на горивото и масовните откажувања на летови ја тресат индустријата на начин што многумина го споредуваат со шоковите по 11 септември.

Се случува масовни откажувања на рути. Во првите недели од конфликтот биле откажани над 21.300 летови. Клучните хабови во Заливот, вклучувајќи го Дубаи, се соочуваат со сериозни прекини и ограничувања. Нарушени се и меѓународните коридори, што влијае на туризам, бизнис патувања и карго транспорт.

Цените на млазното гориво во Европа се удвоиле, а во Азија пораснале за околу 80%. Голем дел од блискоисточниот воздушен простор е високоризичен или недостапен, што значи подолги рути, поголема потрошувачка на гориво и доцнења.

Компаниите веќе кратат линии и ги поскапуваат билетите како што е случајот со British Airways која ги продолжи кратењата на блискоисточните дестинации. United Airlines најави намалување на непрофитабилни линии. Delta и American Airlines очекуваат дополнителни стотици милиони долари трошоци.

Цените на билети особено растат на коридорите Европа-Азија. Карго-секторот е сериозно погоден: капацитетот на рутата Азија-Блиски Исток-Европа паднал за 39%.

Кризата  се споредува со 11 септември и денес не е безбедносна како тогаш, но е системски шок: војна, дронови, ракетни закани и затворени воздушни коридори повторно ја тресат индустријата. IATA предупредува дека нема јасни победници во оваа криза.

Прогнозите и очекувањата се ако воздушните коридори и снабдувањето со гориво не се стабилизираат, компаниите ќе мора да продолжат со кратења. Цените на билетите ќе останат високи, а патниците ќе се соочуваат со сè помалку сигурност. Индустријата се наоѓа во „вистинска турбуленција“ што може да влијае на секторот и по 2026 година.

CATEGORIES
Share This