ГЛИГОРОВ НАЈАВУВА ДВА КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ – Кванташки пазар и жичара од Кочани до Пониква

ГЛИГОРОВ НАЈАВУВА ДВА КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ – Кванташки пазар и жичара од Кочани до Пониква

Кандидатот за градоначалник на Единствена Македонија за општина Кочани, Дание Глигоров, во изјава за „Национал“ порача дека неговата програма произлегува од бројните средби и разговори со жителите на градот, кои, како што истакна, најдобро ги знаат проблемите и решенијата.

„Излегувам пред вас со крената глава и со силна порака: време е Кочани да се разбуди. Доста беа празни ветувања 30 години. Доста беше власт која тоне во криминал, корупција и непотизам. Јас не влегувам во трка за политика, туку за промена“, истакна Глигоров.

Тој најави повеќе проекти, меѓу кои два капитални – изградба на кванташки пазар и жичара од Кочани до Пониква во должина од 18 километри.

„Ја барам вашата доверба за да ја вратиме честа, правдата и народната власт во Кочани. Ќе воспоставам целосна соработка со граѓаните и мојата врата ќе биде секогаш отворена, затоа што силата е во луѓето“, порача кандидатот.

Глигоров ги повика жителите на 19 октомври да завршат со „старото и лошото“ и да започнат нов циклус на развој:

„Запомнете го бројот 12 кој отсекогаш се сметал за „свет број“ – симбол на целина, совршенство и космички ред. Во природата и во времето сè е заокружено во дванаесетки: 12 месеци во годината, 12 часови ден и 12 часови ноќ, 12 зодијачки знаци. Тој означува ЗАВРШУВАЊЕ на еден циклус и ПОЧЕТОК на нов.Тоа е бројот на достоинството, бројот на народот, бројот на вистинската промена. Гласајте за себе. Гласајте за доброто на општината. Гласајте за доброто на Македонија. Гласајте за листите на Единствена Македонија. Ние ќе се бориме, од Вас и Вашата волја зависи дали ќе успееме! – заврши тој.

 

CATEGORIES
Share This