ГЛАСНА ТИШИНА – Филмот што открива како децата учат да градат мир
Новиот документарец открива неверојатни приказни за храброст и доверба.

Фото: Принтскрин
Првата детска амбасада во светот, „Меѓаши“, денеска во Кинотеката на Македонија ќе го промовира краткиот документарен филм „Гласна тишина“, во чест на 15-годишнината од нивната програма за мировно образование.
Филмот ги прикажува трансформативните ефекти на програмата и од нејзините почетоци до денешните достигнувања истакнувајќи ја важноста на мировното образование како алатка за градење ненасилна комуникација, доверба и инклузивни заедници. Преку искрени сведоштва на ученици, наставници и реализатори, „Гласна тишина“ испраќа порака дека мирот не е само цел, туку секојдневен избор.
По проекцијата следува дискусија со учесниците, која ќе овозможи подлабоко разгледување на темите од филмот.
CATEGORIES Култура


