ГЛАСИНИ ЗА НОВА ЕСТЕТСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА Ким Кардашијан повторно во центарот на вниманието поради тесниот струк
Иако одамна ја намали телесната тежина, дел од јавноста смета дека нејзиниот изглед не се должи само на исхрана и вежбање, туку и на липосукција или друга процедура.

Американската ријалити ѕвезда Ким Кардашијан повторно ги запали социјалните мрежи, откако беше фотографирана од папараци во Лос Анџелес со екстремно тесен струк, што предизвика лавина коментари и шпекулации дека направила нова естетска интервенција.
Облечена во јакна, топ, хеланки и високи потпетици, Кардашијан изгледаше послабо од кога било. Иако одамна ја намали телесната тежина, дел од јавноста смета дека нејзиниот изглед не се должи само на исхрана и вежбање, туку и на липосукција или друга процедура.
На социјалните мрежи се појавија коментари како:
„Ова е навистина премногу“,
„Тажно е да се гледа како славните повторно го наметнуваат култот на слабоста“ и
„Болен тренд од 2000-тите се враќа. Жално“.
Кардашијан веќе неколку пати јавно ги негираше гласините за пластични операции, тврдејќи дека нејзиниот струк од 60 сантиметри е резултат на напорна работа со тренерката Мелиса Алкантара.
Во минатото, Ким изјави дека се инспирирала од бодибилдерка која по бременоста изгубила 32 килограми, и најави „луда диета“ за себе. Познато е и дека пред Мет Гала пред три години, Кардашијан ослабела девет килограми за да го облече легендарниот фустан на Мерилин Монро, велејќи:
„Ова искуство ме научи многу за моето здравје и навики во исхраната.“
Иако не постои потврда за нова интервенција, јавноста останува поделена – некои ја фалат за изгледот, додека други го критикуваат влијанието што го има врз младите и перцепцијата на идеалното тело.


