ГЛАМУРОЗНО МЕНИ – Вечера за 1.500 гости по доделувањето на Оскарите

За подготовка на вечерата се ангажирани над 400 готвачи и келнери

ГЛАМУРОЗНО МЕНИ – Вечера за 1.500 гости по доделувањето на Оскарите
Фото: Принтскрин

Познатиот готвач на славните, Волфганг Пак, ја состави гламурозната понуда од над 70 јадења за филмските ѕвезди и уметници на Гувернерскиот бал, кој се одржува по Оскарите. Годинава, доделувањето на наградите на Академијата за филмска уметност и наука е закажано за 16 март.

Пак и неговиот тим, кои по 32. пат се задолжени за кетерингот на официјалната забава, подготвија мени со вкусови од целиот свет за 1.500 гости од А-листата. Новитетите годинава вклучуваат во јапонски стил и италијанска машина за сладолед, покрај класичните омилени јадења кои секоја година ги очекуваат гостите.

„Комфорна храна секогаш е хит од пита со пилешко и пица со чаден лосос, до макарони со сирење и мини вагју бургери“, вели Пак.

Тој додава дека ѕвездите често пристигнуваат многу гладни на забавата.

„Сè се сведува на квалитетот на состојките и јадењата. Треба да готвиме за 1.500 луѓе, па гледаме да биде едноставно. Не ни требаат 10 сосови со секое јадење“, објаснува Пак.

За подготовката и служењето на вечерата се ангажирани 75 готвачи за солени јадења, 45 за слатки и 325 келнери.

CATEGORIES
Share This