ГИ ПРЕСПАВ БИТКИТЕ И ЈА ИЗГУБИВ ТАТКОВИНАТА – Моќна порака од Вилијам Гајда

Силна и моќна порака од својот фејсбук профил испрати уставобранителот Вилијам  Михајловски Гајда неправедно осуден на 14 години затвор за Македонија.

ГИ ПРЕСПАВ БИТКИТЕ И ЈА ИЗГУБИВ ТАТКОВИНАТА – Моќна порака од Вилијам Гајда
Фото: Фејсбук

Вилијам Михајловски Гајда преку својот фејсбук профил испрати силна и моќна предупредувачка порака до сите дека не постои ништо што може да послужи како изговор да не се бориме за Татковината бидејќи утре може да се разбудиме во некое друго-државно правно уредување и да живееме во туѓа држава.

Во прекрасен метафорички стилски израз еве што им порача Вили Гајда на Македонците:

Спиев…
Кога се разбудив, имав рамка на вратот која се викаше Охридски..
Ми рекоа, не се противи, тоа е заради човековите права.

Заспав..
Кога станав, пола Македонија беше прекриеана со џамии..
Ми рекоа, молчи!
Треба да се почитуваат верските права на другите…

Си легнав да спијам…
Кога се разбудив, моето сонце од Кутлеш беше на земја а друго знаме се вееше.
Ми рекоа, така мора… Не било мое сонцето од Кутлеш.

Заспав пак…
Кога се разбудив,
Македонија беше Северна.
Молчи ми рекоа и не протестирај, тоа е за да влеземе во ЕУ..

Легнав да спијам..
Кога се разбудив, не бев Македонец туку станав коса црта ///, а Бугарите битка биеа за мојот македонски јазик.
Ми рекоа, продолжи да спиеш, има кој да ги бие тие битки, спиј спокојно, идентитетот и јазикот се бетон.

Кога се разбудив…
Од мојата македонска историја ми беа останале само кориците а од јазикот само буквата Ѕ.
Молчи и не се буни – ми рекоа, така мора, за да немаме вето за влез во ЕУ.
Спиев, мислејќи дека сега веќе во ЕУ ќе се разбудам..
Кога се разбудив, моите деца беа веќе далеку… Не тагувај, тоа е за подобра иднина, ми рекоа… Продолжи да спиеш и не се грижи.

Пак заспав….
Кога се разбудив, немав веќе достоинство, сите со презир ме гледаа, а Македонија гореше.
Ништо не беше како што сонував додека спиев. Сè исчезна од мојот живот.
Останав со отворени очи, ми идеше да врескам….
Сон веќе не ме фати… Никој повеќе ништо не ми рече…
А јас си ја изгубив Татковината… По втор пат.

Ништо повеќе не можев да вратам, оти битките мои ги преспав.
Се завртев околу себе, сите спиеја – пишува Вилијам Гајда на Фејсбук.

 

CATEGORIES
TAGS
Share This