ГЕРМАНСКИ НОВИНАР ЈА КРИТИКУВА ВЈОСА ОСМАНИ – Таа најавува тужба против новинарската статија
Михаел Мартенс реагира на можноста за тужба и коментира за односот на претседателката кон Доналд Трамп.

Германскиот новинар Михаел Мартенс на социјалната мрежа X реагираше на изјавите на претседателката на Косово, Вјоса Османи.
Во својот пост, Мартенс напиша дека има 30 години искуство во новинарството и дека работел во тешки земји како Русија, Авганистан и Турција, известувајќи за руски олигарси, српски воени злосторници, црногорски шверцери на цигари, курдски бунтовници и авганистански воени водачи, без никогаш да биде тужен.
„Сега, претседателот на една европска земја најавува можност за тужба против мојата работа. Во ред. На овој начин, луѓето кои инаку никогаш не би ја забележале статијата за претседателката Османи, сега дефинитивно ќе ја видат. Ефектот на Штрајзенд делува магично“, напиша тој.
Покрај тоа, Мартенс коментираше и за односот на Османи кон американскиот претседател Доналд Трамп:
„Жените не се инфериорни во однос на мажите и тие се способни да направат сè што можат мажите. Земете го примерот со Косово, каде што претседателката Вјоса Османи покажува дека политичката кариера понекогаш може да ја направи исто толку бескичмена како и нејзините машки колеги.“

