ГЕРМАНИЈА НЕ Е ПОВЕЌЕ ТОА ШТО БЕШЕ Осуди новинар на седум месеци затвор за исмевање со министерка

Бенделс беше осуден во Бамберг на седум месеци затвор, условно, за клевета против политички личности а мора и писмено да ѝсе извини на министерката

ГЕРМАНИЈА НЕ Е ПОВЕЌЕ ТОА ШТО БЕШЕ Осуди новинар на седум месеци затвор за исмевање со министерка

Германија сериозно скршнува од своите основни определби за либерално-демократските  вредности, владеење на правото и човекови права и слободи на поединецот и човекот. Германскиот окружен суд во Бамберг го осуди главниот уредник на порталот „Дојчландскурир“ Дејвид Бенделс на условна казна од седум месеци затвор поради објавување на фотомонтажа на германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер.

Порталот Deutschland-Kurier со фотомонтажа на социјалните мрежи ја исмеа германската министерка за внатрешни работи. На фотомонтажата Фезер е прикажана со транспарент пред телото на кој пишува „Ја мразам слободата на говорот“.

Според судот, од ова се добило впечаток дека се работи за цитат од самата Фезер, а било констатирано дека не е очигледно дека се работи за сатиричен пост. Поради ова, Бенделс беше осуден во Бамберг на седум месеци затвор, условно, за клевета против политички личности а мора и писмено да ѝсе извини на министерката.

Бенделс ја осуди пресудата како закана за демократијата и најави дека ќе поднесе жалба на пресудата.

CATEGORIES
Share This