ГЕНТЕРМ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 30 МИЛИОНИ ЕВРА – 300 нови работни места во Македонија

Фабриката ќе произведува високоинтегрирани системи за автомобилската индустрија, што ќе го зголеми извозот и ќе ја позиционира Македонија како регионален хаб на Гентерм за Европа.

ГЕНТЕРМ СО НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 30 МИЛИОНИ ЕВРА – 300 нови работни места во Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски најави нова странска инвестиција од глобалниот автомобилски гигант Гентерм, вредна над 30 милиони евра, која ќе отвори до 300 нови работни места. Оваа инвестиција претставува проширување на постоечката фабрика во Прилеп и потврдува дека Македонија станува сигурна дестинација за стратешки технолошки инвестиции.

– Со оваа инвестиција, не само што расте индустриското производство, туку се зајакнува и економскиот потенцијал на државата – изјави Мицкоски, потенцирајќи дека станува збор за современо производство со автоматизирани линии и нова технолошка опрема.

Фабриката ќе произведува високоинтегрирани системи за автомобилската индустрија, што ќе го зголеми извозот и ќе ја позиционира Македонија како регионален хаб на Гентерм за Европа.

Минатата година, земјата бележеше рекордни директни странски инвестиции од 1,255 милијарди евра, а во мај годинава е регистриран и највисок индустриски раст во последната деценија – 9,4%.

CATEGORIES
Share This