ГЕМАНИЈА СЕ СПРЕМА ЗА ВОЈНА Задолжителна воена служба и раст на Армијата до 270.000 војници
Секој што ќе го игнорира повикот се соочува со казна или присилна регрутација

Од почетокот на 2026 година, Германија ќе воведе задолжителна воена служба. Сите мажи на определена возраст ќе мора да пополнат прашалник за германските вооружени сили (Бундесвер) и да се подложат на лекарски преглед. Оние кои ќе се обидат да го избегнат тоа ќе се соочат со казна до 1.000 евра или присилна регрутација.
Прашалникот, кој го објави весникот Билд, содржи 14 прашања за да се утврди кој е погоден и заинтересиран за приклучување, а аплицирање ќе може да прават и жени. Министерството за одбрана потврди дека секој кој не одговара или одговара неточно, и покрај повторените барања, може да биде казнет според Законот за административни прекршоци.
Од јули 2027 година, лекарскиот преглед ќе биде задолжителен за сите мажи. Оние кои нема да се појават ќе можат да бидат однесени во регрутационен центар со полициска придружба.
Првите прашалници се очекува да бидат испратени средината на јануари, а писмата ќе се испраќаат еднаш неделно. Министерството очекува Бундесверот да контактира околу 54.000 млади луѓе секој месец.
Министерот за одбрана, Борис Писториус, изјави дека целта е модернизација на вооружените сили и верува дека новиот систем за регрутирање ќе го зголеми бројот на војници од 183.000 на 270.000 до 2035 година.


