ГЕМАНИЈА ГИ МЕНУВА ПРАВИЛАТА ЗА РАБОТНОТО ВРЕМЕ – Неделно ограничување наместо дневно
Поголема флексибилност за работниците со што ќе можат да го прилагодуваат работното време според потребите.

Германската влада подготвува нов закон за работно време, со кој наместо дневно ограничување се воведува неделно. Промените најмногу ќе ги почувствуваат туризмот и угостителството, каде работата често е сезонска, викендска и ноќна.
Новата стратегија ќе им овозможи на вработените, особено на родителите, да работат подолго одредени денови и потоа да користат слободни денови според нивните потреби. Целта е подобра рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот живот без намалување на продуктивноста.
Владата планира даночни олеснувања за бонуси за прекувремена работа и за еднократни бонуси кај вработени со скратено работно време. Според аналитичарите, ова може да донесе поголема флексибилност и задоволство кај работниците, но синдикатите предупредуваат дека ќе биде потребен строг надзор за спречување злоупотреби.

