ГАТУЗО Е НОВИОТ СЕЛЕКТОР НА ИТАЛИЈА Директорот Буфон го потврди изборот

Гатузо (47) последно беше ангажиран во хрватскиот клуб Хајдук Сплит, кој го напушти на почетокот од јуни.

ГАТУЗО Е НОВИОТ СЕЛЕКТОР НА ИТАЛИЈА Директорот Буфон го потврди изборот
Фото: Топспорт

Директорот на италијанската фудбалска репрезентација, Џанлуиџи Буфон, официјално потврди дека Џенаро Гатузо е новиот селектор на „Азурите“.

„Гатузо е новиот селектор на италијанската репрезентација. Донесовме најдобра одлука“, изјави Буфон за новинарот Матео Морето.

Гатузо (47) последно беше ангажиран во хрватскиот клуб Хајдук Сплит, кој го напушти на почетокот од јуни.

Во својата досегашна тренерска кариера ги водеше и клубовите Олимпик Марсеј, Валенсија, Наполи, Милан, Пиза, ОФИ Крит, Палермо и Сион.

CATEGORIES
Share This