ГАЛА КОНЦЕРТ НА СОПРАНИСТКАТА ИНВА МУЛА ВО МОБ На програмата се дела од Верди, Пучини, Бизе и други композитори
Инва Мула, една од водечките оперски диви со настапи во Париската опера, Скала и Метрополитен, е позната и по тоа што го позајми гласот на Дивата во филмот „Петтиот елемент“.

На 28 ноември 2025 година во МОБ ќе се одржи Гала оперски концерт со настап на светски познатата сопранистка Инва Мула, заедно со Дешира Амети-Крлиу, Исмет Вејсели и оркестарот на МОБ под диригенција на Иван Еминовиќ, во режија на Дејан Прошев.
Инва Мула, една од водечките оперски диви со настапи во Париската опера, Скала и Метрополитен, е позната и по тоа што го позајми гласот на Дивата во филмот „Петтиот елемент“.
На програмата се дела од Верди, Делиб, Пучини, Бизе, Офенбах и други композитори.
CATEGORIES Култура

