СКАНДАЛ ВО ИТАЛИЈАНСКИОТ ФУДБАЛ Фудбалери се обложувале во златарница?
Според извештајот, истрагата досега резултирала со заплена на 1.5 милион евра - што укажува на обемот на мрежата и сериозноста на активностите

Сериозен скандал се отвора повторно во италијанскиот фудбал, а изгледа дека приказната со Фаџоли и Тонали била само врв на ледениот брег. Новите информации од Кориере дела Сера навистина звучат алармантно – 12 фудбалери од Серија А, нелегални обложувачки платформи, и златарница што функционирала како „банка за прикривање“ за трансакции.
Според извештајот, истрагата досега резултирала со заплена на 1.5 милион евра – што укажува на обемот на мрежата и сериозноста на активностите. Клучно е тоа што платформите биле водени од Томаси Де Џиакоми и Патрик Физер, имиња кои веројатно ќе бидат во центарот на понатамошната истрага.
Интересно е и тоа што фудбалерите наводно не се обложувале само на фудбал, туку и на други спортови и игри, со што уште повеќе се комплицира ситуацијата. Италијанските власти, по се изгледа, ќе мора да направат темелна проверка низ целата лига.


