ФОТОГРАФИРАНИ ВО ПРЕГРАТКА – Дали Естер и Мбапе се новиот холивудски фудбалски пар
Гласините за романса првпат се појавија пред еден месец во Париз.

Актерката Естер Експозито и фудбалерот Килијан Мбапе повторно ги разгореа гласините за можна романса, откако беа забележани заедно во Мадрид. Ѕвездата на серијата „Елит“, 26-годишна, и 27-годишниот француски напаѓач на Реал Мадрид беа фотографирани како се прегрнуваат во автомобил во шпанската престолнина во среда, 1 април.
Шпекулациите за нивната врска првпат се појавија пред околу еден месец, кога беа видени како влегуваат во истиот автомобил во Париз. На последната средба, Мбапе беше снимен како чека во возилото додека Експозито се упати кон локално кафуле. По неколку минути, таа се врати, и двојката разменуваше прегратка.
Еден од најдобрите фудбалери на светот Килијан Мбапе се смета за еден од водечките фудбалери на планетата. Престижното списание „Sports Illustrated“ го рангираше како втор најдобар играч кој настапи на оваогодишното Светско првенство. Тој е и многу популарен на социјалните мрежи, со повеќе од 131 милион следбеници на Инстаграм.
First thing Mbappe did after getting back to Madrid was picking Ester Expósito up, he’s in love
— Miss ADEL🦋🦚🌹 (@a_derll) April 2, 2026
