(ФОТО) ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е НАШИОТ ИДЕАЛ, НАШАТА ИНСПИРАЦИЈА – Гоце беше и останува Македонец
Единствена Македонија се заветува да го чува неговиот идеал за независност.

Денеска делегација на Единствена Македонија положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во Црквата Св. Спас. Во изјава за „Национал“ лидерот на Единствена Македонија Јанко Бачев истакна:
„Денес одбележуваме 151 година од раѓањето на македонскиот херој Гоце Делчев, идеолог, водач, организатор, со еден збор срцето на македонското национално народно-ослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век. И ние од Единствена Македонија се поклонивме пред гробот на Гоце и ветуваме, се заветуваме дека никогаш нема да го предадеме неговиот идеал за слободна и независна Македонија. Обврска наша како Македонци, на оваа генерација Македонци е многу голема. Не му било лесно и на Гоце Делчев. Тој бил учител. Можел да си биде само учител да не биде револуционер, да не оди во планините. Меѓутоа, ако беше така ќе ја немаше Македонија. Затоа, за сите нас инспиративно е неговото дело, инспиративна е неговата жртва која ја даде за слободна и независна Македонија. Гоце еднаш беше предаден за времне на животот. Ние во никој случај нема да дозволиме повторно да биде предаден и за време на смртта. Гоце Делчев е столбот на македонското револуционерно движење. Тој е нашиот идеал. Нашата инспирација. Гоце Делчев беше и останува Македонец“ – потенцираше Бачев.
![]()
![]()
![]()


