ФОТЕЛЈИ ЗА СВОИТЕ – „Европски фронт“ си ги подели кандидатите за градоначалници

ФОТЕЛЈИ ЗА СВОИТЕ – „Европски фронт“ си ги подели кандидатите за градоначалници
Фото: Принтскрин

Коалициските партнери во т.н. „Европски фронт“ постигнале договор за распределба на кандидатите за претстојните локални избори.

Според договорот, Зијадин Села ќе биде кандидат за градоначалник на Струга, што значи дека ДУИ се повлекува од досегашната поддршка за Рамиз Мерко. Бујар Османи ќе се кандидира за Чаир, додека Арбен Таравари ќе се обиде да го освои мандатот во Гостивар.

Покрај тоа, партијата на Села ќе настапи со Тирон Јајага како кандидат за Дебар, а за Арачиново со Дритон Небиу.

ДУИ, од своја страна, ќе ги брани или напаѓа следниве општини со овие кандидати:

  • Липково – Еркан Арифи

  • Тетово – Бајрам Реџепи

  • Боговиње – Бесник Емшиу

  • Желино – Емир Сулејман

  • Брвеница – Аркин Јахији

  • Чашка – Суат Шакири

  • Пласница – Алија Јаоски

Партнерите од Алијансата за Албанците на Таравари најавуваат и кандидатури во Врапчиште, каде ќе настапат со Исен Шабани, и во Сарај со кандидатот Блерант Рамадани.

CATEGORIES
Share This