ФОН ДЕР ЛАЈЕН ЗА МИРОВНИТЕ ПРЕГОВОРИ Украина треба да добие цврсти безбедносни гаранции

Европа е подготвена да продолжи со поддршка на Украина и соработката со САД

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ЗА МИРОВНИТЕ ПРЕГОВОРИ Украина треба да добие цврсти безбедносни гаранции
Фото: Принтскрин

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, синоќа истакна дека таа и европските лидери имале „многу конструктивен“ разговор со претседателите на САД и Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски, по нивниот состанок во Флорида.

Во објава на платформата X, фон дер Лајен информира дека телефонската конференција за дискусијата за мировните преговори траела еден час и дека во неа учествувале и неколку европски лидери.

„Постигнат е значителен напредок, што го поздравивме. Европа е подготвена да продолжи да работи со Украина и нашите американски партнери за да се консолидира овој напредок“ – нагласи таа.

Таа додаде дека најважно е Украина да добие „цврсти безбедносни гаранции“ од првиот ден по стапувањето на сила на новиот мировен договор кој се преговара.

CATEGORIES
Share This