ФОН ДЕР ЛАЈЕН: ИДНИНАТА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН Е ВО ЕУ – Русија ќе плати за војната, Украина ќе добие нова поддршка

Таа најави и програма за воена поддршка на Украина, која ќе се финансира преку замрзнатите руски средства, како и нов, 19-ти пакет санкции против Москва

ФОН ДЕР ЛАЈЕН: ИДНИНАТА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН Е ВО ЕУ – Русија ќе плати за војната, Украина ќе добие нова поддршка
Фото: Принтскрин

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во годишниот говор за состојбата на Унијата порача дека иднината на Западен Балкан, Украина и Молдавија е во Европската Унија. Таа нагласи дека само обединета и посилна Европа може да биде независна и безбедна.

Фон дер Лајен најави нови иницијативи за работни места, енергија, домување и земјоделство, како и закон за квалитетно вработување и стратегија за искоренување на сиромаштијата до 2050 година. Во енергетиката, ЕУ ќе инвестира во обновливи извори и нуклеарна енергија со цел да се ослободи од руските фосилни горива.

Таа најави и програма за воена поддршка на Украина, која ќе се финансира преку замрзнатите руски средства, како и нов, 19-ти пакет санкции против Москва.

„Ова е руска војна. И Русија треба да плати. Затоа итно треба да работиме на ново решение за финансирање на воените напори на Украина врз основа на имобилизирани руски средства. Со паричните средства поврзани со овие руски средства, можеме да ѝ обезбедиме на Украина заем за репарација. Самиот имот нема да биде допрен. А ризикот ќе мора колективно да се понесе“, рече фон дер Лајен, според Ројтерс.

CATEGORIES
Share This