„ФОЛТИН“ ГО ОБЕЛЕЖУВА 30-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ – Концертот ќе биде на летната сцена на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп
„Фолтин“, основана во 1995 година во Битола, е позната по својот експериментален стил и уникатен „псевдо-емигрантско кабаре“ кој комбинира традиционална музика, електроника и рок

Целовечерниот самостоен концерт на „Фолтин“ ќе се одржи в сабота, 6 септември, со почеток во 21:30 часот на летната сцена на ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп. Настанот е дел од одбележувањето на 30 години од формирањето на групата и првиот самостоен концерт.
„Фолтин“, основана во 1995 година во Битола, е позната по својот експериментален стил и уникатен „псевдо-емигрантско кабаре“ кој комбинира традиционална музика, електроника и рок, а нивните композиции се користени во театарски претстави и филмови. Настанот се реализира во соработка со ЦК „Марко Цепенков“ и со поддршка од Министерството за култура и туризам.
CATEGORIES Сцена


