ФЛИК ВОВЕДУВА ДРАКОНСКИ КАЗНИ – За доцнење глоба и до 40.000 евра

Флик воведува нов систем на казни со парични казни наместо суспензии за доцнење.

ФЛИК ВОВЕДУВА ДРАКОНСКИ КАЗНИ – За доцнење глоба и до 40.000 евра
Фото: Принтскрин

Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, го промени системот на казни за играчите. Наместо суспензии за натпревари, сега играчите кои доцнат на тренинзи или тимски настани ќе добиваат парични казни.

Во шпанската ТВ емисија „Ел Хормигеро“, Педри и Феран Торес зборуваа за новите правила. Педри рече дека доцнењето се казнува со пари, а Торес додаде дека казната може да достигне 40.000 евра. Играчите истакнаа дека тренерот не се меша во нивниот неформален живот, вклучително и видеата на „TikTok“ или танците во соблекувалната.

Претходно, Флик вовел спортски санкции, како што беше суспензија за Жил Кунде поради доцнење пред натпреварот со Алавес.

По 25 натпревари во Ла лига 2025/26, Барселона води на табелата со 61 бод.

CATEGORIES
Share This