ФИНАЛЕ НА СУПЕРКУПОТ – Каталонците против „кралевите“
После убедливите победи во полуфиналето, двете екипи се подготвуваат за дербито

Фото: Принтскрин
Финалето на Шпанскиот Суперкуп, кое ќе се игра во Џеда, ќе го одреди победникот меѓу Барселона и Реал Мадрид.
Барселона до финалето стигна со убедлива победа над Атлетик Билбао од 5-0 во средата, додека Реал Мадрид го совлада градскиот ривал Атлетико со 2-1 во четвртокот.
За „кралевите“ погодоа Валверде двапати и Родриго, додека Сорлот го постигна единствениот гол за Атлетико.
Финалниот натпревар е закажан за недела со почеток во 20 часот.
CATEGORIES Фудбал


