ФИЛМСКА БРКОТНИЦА ВО БЕЛГРАД – Полицијата спаси киднапиран пејач
Драмата кулминирала кај „Бетон Хала“ при обидот на полицијата за контрола.

Фото: Принтскрин
Јавноста е шокирана од новите детали за киднапирањето на македонскиот поп-пејач Даниел Кајмакоски, кое се случи минатиот месец во Белград. Негов адвокат и пријател, Бранислав Станишиќ, откри дека киднаперите го врзале со селотејп и, заканувајќи се со пиштол и нож, го принудиле да влезе во возило кое се упатило кон Рума.
Драмата достигна врв кај „Бетон Хала“, кога полицијата се обидела да го запре возилото за рутинска контрола. Поради густа магла, киднаперите излетале од патот, го оставиле претепаниот и врзан пејач во уништениот автомобил и побегнале. Полицијата го пронашла Кајмакоски на задното седиште, додека потрагата по сторителите, за кои се сомнева дека се мигранти, сè уште трае.
CATEGORIES Сцена


