ФИЛМОВИ ШТО НЕ СЕ ПРОПУШТААТ- Оскарски хитови на Netflix

Кина и стриминг платформите веќе прикажаа филмови што се во трката за најпрестижната награда, а дел од нив се достапни на „Нетфликс“

ФИЛМОВИ ШТО НЕ СЕ ПРОПУШТААТ- Оскарски хитови на Netflix
Фото: Принтскрин

Доделувањето на „Оскарите“ секогаш е еден од највозбудливите филмски настани во годината. „Нетфликс“ повторно го потврди својот статус во индустријата со голем број номинации за престижните признанија.

Кина и стриминг платформите веќе прикажаа филмови што се во трката за најпрестижната награда, а дел од нив се достапни на „Нетфликс“.

Филот „Франкенштајн„ на режисерот Гиљермо дел Торо. Приказна зборува за млад научник, Виктор Франкенштајн, по смртта на мајка си се навлегува во опасни научни експерименти, истражувајќи ги границите меѓу животот и смртта. Има девет номинации: Најдобар филм, најдобар актер во споредна улога, најдобро адаптирано сценарио, најдобра фотографија, најдобра сценографија, најдобра филмска музика, најдобар звук, шминка и фризура и костимографија.

Филмот „Соништа и возови“. Филмот веќе неколку недели е меѓу најгледаните на „Нетфликс“. Приказната носи длабоко емотивна животна судбина и остава силен впечаток кај гледачите. Има четири номинации: Најдобар филм, најдобро адаптирано сценарио, најдобра фотографија и најдобра оригинална песна.

Филмот „Совршениот сосед“: Документарец што открива мрачни тајни на жена која водела двоен живот, додека за соседите била примерна граѓанка. Филмот се базира на интервјуа со жртви, експерти и истражители. Номиниран за најдобар документарен филм.

Филмот „Кеј-поп: Ловци и демони“. Оваа анимирана фантастика комбинира кеј-поп култура со оригинална приказна. Следи група млади кеј-поп идоли кои откриваат мрачна тајна зад блескавите сцени, создавајќи спектакуларна мешавина од акција, кореографии и музика. Номинирана за најдобра оригинална песна за „Golden“.

CATEGORIES
Share This